Еве неколку мисли за тоа што е љубовта и какви чувства таа предизвикува:

 

„Љубовта е страст.“ – Мохамед Бенс

„Во љубовта сè е ризик“. – Гете

„За љубовта најопасното нешто се отсуствата.“ – Бранислав Нушиќ

„Ако имаш љубов немаш потреба од ништо друго. Ако пак немаш, не е особено важно што друго имаш.“ – Џејмс Бари

„Во љубовта и во поезијата сè е речено, а сепак сè треба допрва да се рече.“ – Блаже Конески

„Ако ме терате да кажам зошто сум ја сакал, не можам да кажам ништо повеќе од тоа дека ТАА беше ТАА, а ЈАС бев ЈАС.“ – Монтењ

„Тој човек што го сакаш во мене природно е подобар од мене, јас не сум таков. Но, ти сакај ме, а јас ќе се потрудам да станам подобар од себе.“ – Михаил Прашвин

„Љубовта започнува со насмевки, расте со бакнежи и завршува со солзи.“ – непознат автор

„Да сакаш значи да ја откриеш сопствената среќа во среќата на другиот.“– Лубниц

„Љубовта е кога една душа населува две тела.“ – Аристотел

„Љубовта е дете на восхитот и мајка на разочарувањето.“ – Мигел де Унамуно

 

„Знаеш дека е љубов кога не можеш да заспиеш бидејќи реалноста е многу поубава од сонот“. – непознат автор

Leave a comment