Според многу нутриционистички истражувања, бананите се особени ефективни при третирање на многу здравствени проблеми, и не само со плодот.

 

Наместо лекови, во овие неколку случаи можете слободно да посегнете по кора од банана.

Белење на забите

Потребна Ви е внатрешната страна на кората од бананата за триење на забите. Повторете ја постапката барем еднаш дневно неколку недели по ред и ќе забележите како вашите заби стануваат побели.

Ослободете се од брадавиците

Земете завој и парче кора од банана. Внатрената страна на кората поставете ја врз брадавицата и врзете ја со завој. Оставете го така преку ноќ и повторете ја постапката неколку дена по ред.

Отстранете ги акните и брчките

Сѐ што треба да направите е да ја истриетее кожата со кора од банана. Измијте ги третираните области со вода по 30 минути.

Ослободете се од симптоми на псоријаза

Кората од баната може да ја смири кожата, па ако имате псоријаза, истријте ја областа со кора од банана и почекајте 10 минути за состојките да почнат да делуваат.

Наместо аналгетик

Кожата Ви е иритирана? Без разлика на причината, доволно е да го истриете местото што е иритирано и да почекате 10-15 минути за да се ослободите од симптомите.

Против убоди од инсекти

Поставете парче кора врз убодот и чувајте го на местото додека не почувствувате подобрување.

Средство за чистење

Вашиот мебел, чевлите од глатка ткаенина и среброто може да светат како нови со користење на обично парче на кора од банана.

Leave a comment