Дали пиете кафе секое утро? Ако пиете, следниот рецепт е дефинитивно нешто што треба да го пробате.

Овој крем за кафе не само што ќе го направи вашето кафе поздраво, туку и ќе го подобри вашиот метаболизам.

Како да направите Крем за Кафе од Кокосово Масло?

Соодносот на состојките може да биде прилагоден по ваш вкус. Така, ако не сакате кафето да ви биде слатко, ќе го намалите или целосно ќе го исклучите медот.

Состојки:

3/4 шолја кокосово масло

1/2 шолја суров мед

1 кафена лажичка цимет во прав

1 кафена лажичка какао во прав

Упатство:

Помешајте ги состојките во сад и мешајте додека не се соединат доволно. Складирајте го кремот за кафе во стаклена тегла.

Како да го користите Кремот за Кафе од Кокосово Масло?

Направете го вашето омилено кафе. Додајте 1-2 кафени лажички од кремот во кафето додека е уште жешко. Потоа изблендирајте го кафето со кремот со голема брзина околу 5 секунди. И готово!

Како функционира?

Она што го прави кокосовото масло толку посебно е тоа што содржи незаситени наместо заситени масни киселини.

Незаситените масни киселини при навлегувањето во вашето тело бргу се искористуваат за енергија, што го подобрува вашиот метаболизам.

Всушност, една студија покажала дека консумирањето на 1 до 2 кафени лажички на ден на незаситени масти како кокосовото масло, се проширува потрошувачката на енергија за 5% - ова е вкупно 120 калории на ден за просечен консумент.

Leave a comment