Болката е најпрвин енергија, второ перцепција, и трето физичка манифестација. Не постои друг извор на болка освен енергетскиот. Физичката појава е секогаш секундарна. Секое потекло на болките во нашето тело може да не наврати на специфична емотивна состојба која функционира за да не предупреди дека сѐ уште има нешто да се заврши во одреден сегмент од нашиот живот, за кој имаме да учиме уште лекции. Штом ќе ги интегрираме тие лекции, болката исчезнува.

 

Телото е екстремно буквално кога станува збор за болка. Животните искуства се манифестираат дирекно на телото и кога се соочуваме со емоционален стрес, телото покажува што точно е проблемот. Единственото нешто што ни е потребно е да знаеме да декодираме.

10 извори на болка во телото и емотивната состојба што ја рефлектираат:

1.    Болка во мускулите. Претставува способност да се движиме низ животот, колку сме флексибилни со нашите искуства на работа, дома или со нас самите. Движете се со текот на настаните.

2.    Болка во главата. За главоболки придонесува недонесувањето на одлука. (Мигрената е татко на главоболките за тоа која одлука да се донесе, а која не.) Осигурајте си во денот време за да се релаксирате. Направете нешто што ќе ја намали тензијата.

3.  Болка во вратот. Болката во вратот е индикатор дека можеби имате проблем со простување на другите, или себе си. Ако чувствувате болка во вратот, размислете за работите што ги сакате најмногу кај себе и другите. Свесно работете во насока на простување.

4.  Болка во непцата. Исто како и вратот, болките во непцата се припишуваат на недонесување на некоја одлука за себе и непридржувањето до неа ако сте ја донеле. Бидете јасни и применете ја!

5.    Болка во рамената. Болката во рамената може да е индикатор дека носите големо емоционално оптоварување. Фокусирајте се на проактивно решавање на проблемите и пренесете дел од емоционалниот товар на други луѓе во вашиот живот.

6.   Болка во стомакот. Пренесува препознавање на тоа дали го „дигестирате“ животот или не.Оваа болка е за тоа колку не сте исполнети, оставајќи дупка и предизвикувајќи тага.

7.   Болка во горниот дел на грбот. Доколку чувствувате болка во горниот дел на грбот, веројатно се соочувате со недостаток на емотивна поддршка. Можно е да се чувствувате несакани или можеби си ја задржувате вашата љубов во вас. Ако сте сами, можеби е време за љубовен состанок.

8.   Болка во долниот дел на грбот.  Болка во долниот дел на грбот може да значи дека премногу се грижите за пари или имате недостиг на емотивна поддршка. Можеби е добро време да го побарате задоцнетото покачување, или да размислите за тоа финансиски планер да ви помогне да ги искористите парите подобро.

9.    Болка во крстот или коската на опашката. Можеби „седите“ на проблем што треба да биде препишан некому. Дојдете до дното на проблемот и ќе најдете решение. 

10.  Болка во лакoтот. Болката во лактовите има многу заедничко со отпорот на промени во вашиот живот. Ако рацете ви се здрвени, може да значи дека сте премногу крути и здрвени во животот. Можеби е време за правење компромиси и раздвижување на работите. На крај на краиштата, движете се со текот на настаните.

Leave a comment