Овој едноставен рецепт за свеж сок е сѐ што е потребно за да се ослободите од болките во зглобовите, нозете или р’бетот.

Кога консумирате повеќе сурова растителна храна, го зголемувате нивото на антиоксиданси и анти воспалителни агенси во крвотокот, кои помагаат во намалување на воспаленија со што се намалуваат и болките.

Овој рецепт содржи многу корисни состојки како ананас, ѓумбир и куркума, и секоја од нив помага за намалување на воспаленијата и подобрување на состојбата при артритис, воспаление на цревата, синузитис, егзема, акни, розацеа, псоријаза, рак, остеоартритис и многу други.

Куркумата исто така го намалува нивото на хистамин во телото, со што се намалуваат воспаленијата, а исто така и ѓумбирот содржи корисни мали состојки кои помагаат во намалување на простагландините кои се одговорни за појавување на болки при воспаление.

Состојки:

-          2 чаши зрел сечкан ананас

-          3 големи моркови

-          1 излупен портокал

-          2 круши

-          3 стебленца целер

-          1 свеж корен од куркума (во должина од околу 3 см)

-          1 свеж корен од ѓумбир (со големина од околу 2 см)

-          1 излупен лимон

Начин на подготовка:

Сипете ги сите состојки во соковник за да се добие свежо исцеден сок. Состојките може и да ги блендирате и да уживате во здраво смуди.

Leave a comment