Спорт (54)

ГФК Тиквеш поразен во првиот натпревар од продолжението на сезоната

Фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш со пораз се враќаат од гостувањето во Штип, откако вчера во првиот натпревар од продолжението од втората по ранг македонска фудбалска лига - исток, беа совладани од тимот на Беласица со минимални 1-0.

Фени триумфално се враќа од Струмица

Фени Индустри влегува во победничка серија, и тоа токму пред оддржувањето на завршницата од националниот куп, кој втора година по ред ќе се игра во Кавадарци.

 

КМФ Црна Река 9 - 1 КМФ Торпедо

На 27.01.2018 година во спортската сала „Јасмин“ се одржа натпревар во футсал помеѓу КМФ Црна Река и КМФ Торпедо.

 

Фени го пречекува „непобедливиот“ Работнички

Со стари проблеми и во новата година, надополнети со заминувањето на Андреј Магдевски, кошаркарите на Фени Индустри го дочекаа продолжението од сезоната, во која освен да се надигруваат и да ја бранат клубската чест, ќе се надеваат дека многу наскоро ќе бидат решени сите отворени прашања и клубот ќе се врати на старите патеки.

Втора победа за Македонија, втората фаза од ЕП

Македонската машка сениорска репрезентација на Македонија успеа во второто полувреме да ги надмине проблемите кои ги имаше во првите 30 минути од натпреварот со Црна Гора и со одлична тимска игра да дојде до вториот триумф во исто толку натпревари на Европското Првенство, осигурувајќи го своето место во втората фаза од Првенството.

Малинков е најдобар тренер, Тијана Митрева најдобра млада кошаркарка за 2017 во Македонија

Предводникот на машкиот кошаркарски клуб Фени Индустри, Љупчо Малинков и шеснаесет годишната Тијана Митрева се најдоа на листата на најуспешни во кошарката за 2017 година.

И Шкупи немоќен против Фени

По неочекуваниот пораз од Пелистер, кошаркарите на Фени Индустри и покрај сите проблеми им се вратија на победите, добивајќи го тимот на Шкупи со 83-79.

Ангел Стојанов - Џамбасот е новиот шампион во „Цајкова табла“

Познатиот кавадаречки пеач од повозрасната генерација Ангел Стојанов - Џамбасот е новиот шампион во „Цајкова табла“. Во супер интересното финале на турнирот кој традиционално се оддржува „Кај Миле Буки“, Стојанов триумфираше над штипјанецот Јован Петров.