На ден 21 Март 2018 Конфедерацијата на Слободни Синдикати во Скопје реализираше работилница во склоп на Кампањата „365 работнички права за млади“.

Како дел од Синдикалната работилница „СИНДИКАЛНО ДВИЖЕЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ“ која ја имплементираше Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија пред присутните членови на синдикалните организации беа презентирани активностите на Националната кампања „365 работнички права за млади“ која ја спроведуваат Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк и Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија.

Кампањата која има за цел да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права. Преку активностите на кампањата ќе се делува кон зголемување на свеста на младите луѓе да разберат дека имаат права на работното место на кој начин, каде и како да се информираат за нив. Присутните членови на синдикалните организации ја поздравија кампањата и се придружија кон нејзино поддржување и применување на работничките права.

 

Кампањата „365 работнички права на младите” се спроведува со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Државниот Инспекторат за Труд и Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

Партнери на кампањата: Младински Совет Прилеп, Волонтерски центар Скопје, Рурална коалиција, Кул младина Штип, Центар за економски анализи ЦЕА, Мрежа за поддршка на претприемачи, Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија, Форум 16, МИРР, Рома Прогрес, Граѓанска иницијатива на жени и Еколоџик.

 

 

 

 

 

Leave a comment