Култура (83)

ДЛУП совреме(н) – изложба

Овој петок, 19ти Октомври во 18 часот, во Депото, холот и галеријата Аче при НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп ќе биде отворена изложбата ДЛУП Совреме(н).

Женска Утопија – Театар „Чин 4 Сцена 5“

Театар „Чин 4 Сцена 5“ и УАУ Европска Филмска, Театарска и Танцова академија – Скопје со особена гордост ве покануваат на изведбата на монодрамата „Женска Утопија“ според драмите на Јордан Плевнеш во адаптација, режија и изведба на Димитрина Мицкоска.

Концерт на КУД „МОМИНОК“

КУД „Моминок“ во сабота 20 октомври, со почеток во 20 часот во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“, ќе одржи целовечерен концерт на кој играорците ќе го презенетираат богатиот македонски фолклор.

Изложба на Интернационалната Кичевска колонија

Од петок 19 октомври од 12 и 30 до среда 31 октомври 2018г. Во ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена Изложба на Интернационалната Кичевска колонија.

Комедија: Од две мајки браќа (2 Mothers brothers)

Неверојатна комедија која не смее да се пропушти!

Pink Floyd Tribute заедно со High Start

Во склоп на програмата за 11ти октомври со големо задоволство на 10.10 ќе направиме трибјут на еден од нашите омилени бендови, Pink Floyd. 

Информации за изложба од Катерина Деспот и Васка Сандева

Од среда 10 октомври од 18 часот до вторник 23 октомври 2018 г. во ликовната га галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена изложбата „Не-дефиниран урбанизам“ од Катерина Деспот и Васка Сандева.

„Казимир и Каролина“ на Еден фон Хорват во театарот „Војдан Чернодрински“

Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, во петок 12.10.2018 и сабота 13.10.2018 година, на сцената со почеток во 20 часот, ќе ја изведе претставата „Казимир и Каролина“ на Еден фон Хорват, во режија на Нела Витошевиќ.