Волонтирање и пракса

Пракса - Координација на Собранието на Младината (ICSW 2019)

Во CIVICUS фокусот е едноставен: да се зајакне акцијата на граѓанското општество и граѓаните за поправеден, сеопфатен и одржлив свет. Тие го прават тоа со одбрана на граѓанските слободи и демократските вредности; зајакнување на моќта на луѓето да организираат, мобилизираат и да дејствуваат; и зајакнување на поодговорно, ефективно и иновативно граѓанско општество.

МОБИЛНОСТ НА МЛАДИНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ЕСТОНИЈА

Главна цел на овој проект е да им се даде можност на лицата кои почнуваат да се развиваат како младински работници, да стекнат знаења, вештини и практично искуство кои се неопходни за поддршка на младите, особено на оние од маргинализираните средини (етнички малцинства, семејства со ниски примања, итн.), лица кои се наоѓаат во ранливи ситуации (инвалидност, јазични бариери, итн.) и NEET (лица кои не се вработени, во образование и обука).

Практикантска работа на Светска Банка

Програмата за практикантска работа на Светската банка им нуди на високо мотивирани индивидуи можност да бидат изложени на мисијата и работата на Групата на Светска банка во меѓународниот развој. Стажирањето им овозможува на поединците да донесат нови перспективи, иновативни идеи и најновите истражувачки искуства во работењето на Банката и да ги подобрат своите вештини додека работат во различни средини.

Пракса во АрцелорМиттал

АрцелорМиттал е водечки светски производител на челик со претставништва во повеќе од 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.

Практикантска програма на Универзитетот на ООН

Универзитетскиот институт на Обединетите нации за компаративни студии за речионална интеграција (UNU-CRIS) им нуди на студентите со интерес и позадина во студиите за регионална интеграција да учествуваат во активностите на Институтот: тренингот и праксата се соодветно наменети за додипломски и постдипломски студенти.

Пракса за наставници во Косово

Косовското Здружение за Младинско Атлантско Друштво (KYATA) бара млади професионалци кои бараат ново искуство како наставник.

Предизвик за меѓународна пракса 2018

Beiersdorf предизвикот за меѓународна пракса е домаќин на годишно ниво во Корпоративниот штаб во Хамбург, Германија. Триесет и два меѓународни најдобри студенти се поканети да се натпреваруваат за четири целосно финансирани меѓународни стажирања.

Платена летна пракса во 2019 година за студенти кои што се на додипломски студии од страна на BOLD

Програмата за можност за градење на лидерство и развој BOLD (The Building Opportunities for Leadership and Development) им овозможува платена пракса на студенти кои се на додипломски студии, заинтересирани за бизнис кариера во технолошката индустрија и шанса за полно работно време во Google. Практикантите на BOLD учевствуваат и во насочени обуки и искуства и имаат можност да ги искористат предностите на програмите за учење и развој и системите за поддршка кои ги нуди Google.