Магазинот „Балканиум“ е место кадешто фоторепертерите ќе соработуваат и заедно ќе ја создаваат и прикажуваат позитивната и харизматичната страна од Балканот.

Основната задача е да се пронајдат колеги – фотографи од секоја балканска држава и да се формира Балканиум тим, којшто, еден ден ќе го води ова списание.

Започнавме со фото – серии за да прикажеме „форма“ којашто ќе постои на нашето списание. Сакаме да бидат застапени квалитетни фотографии и текстови, и ова е отворен повик за фотографи, фоторепортери, полупрофесионалци и посветени аматери.

Потребно е да: испратите текст од минимум 1000 карактери (вклучувајќи го и празното место), 5-15 фотографии, со минимум должина на фотографијата од 680px и кратка биографија.

Повикот е отворен за фотографски приказни од целиот Балкан кои што се фокусираат на луѓето, секојдневниот живот, традициите, културата итн.

Доколку сте заинтересирани за повикот, испратете го вашиот труд или контактирајте не доколку имате било какви прашања на:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Leave a comment